Овој рецепт ни го испрати нашиот редовен читател Влатко Миленковски
Маџунот е концентриран сок од грозје, тој е природен енергенс богат со витамини и минерали.
Маџунот се добива од згустнување на исцеден гроздов сок. Содржи природен шеќер гликоза кој веднаш се апсорбира во крвта, а брзо потоа и во целото тело.
Потребни состојки:
Грозје, по можност црно (Вранец или Картошија)
Постапка:
Ги вадите само зрната и ги мелете на машина.
Потоа сомеленото грозје го процедувате, прво низ една газа, па потоа повторно низ уште една поситна газа, за да добиете чист, бистар сок.
Сокот се вари се дури не се згусне како сируп, притоа постојано треба да се меша и да се вади пената со лажица.
На крај се складира во тегли или шишиња.
Од 6 килограми грозје, се добива 1 литар гроздов маџун.
Грозјето е природен извор на енергија, добар лаксатив, со што го тонира стомакот и цревата и ги олеснува хроничните случаи на констипација.
Гроздовиот сок исто како грозјето е богато со биофлавоноиди-антиоксиданти кои ги неутрализираат слободните радикали. Му помага на организмот во борбата против канцерот и срцевите заболувања.
Затоа се препорачува за лекување на жолтица, цироза, депресии, срцеви слабости, за анемии, за зајакнување на имунитетот со што организмот е поотпорен на болести.
Коментар: ”Порано нашите баби и дедовци биле страдни за шеќер бидејќи го немале во изобилство како денес.
Сиромашните страдале и за зрнце шеќер, го криеле од децата и го заклучувале во старите креденци.
Им давале само по малку да пробаат и тоа од празник на празник. Слатките и колачите се подготвувале со маџун.”
Овој рецепт ни го испрати нашиот редовен читател Влатко Миленковски