ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 цветови
2 литри вода
2 кг шеќер
2 лимони
ПОСТАПКА:
Глуварчињата наберете ги напролет кога се во полн цвет, најдобро на пладне. Исперете ги во неколку води, па ставете ги во шерпа и налејте ги со две литри вода.
Ставете на оган да зоврие, па потоа намалете на умерен оган и продолжете со варење околу еден час.
Тргнете од оган и оставете да излади околу еден час, па процедете.
Во добиениот сок ставете 2 кг шеќер и сок од два исцедени лимони. Кога ќе проврие на тивко варете два часа.
Складирајте во тегли, а во секоја тегла за вкус можете да ставите неколку трклаца лимон.
Се користи како лек за црн дроб, белодробни заболувања и други болести, по една лажица двпти на ден, наутро и навечер на празен стомак.
Наместо шеќер можете да користите мед или друг засладувач по ваш избор.