🌌 ПРИРОДНО БОЈАДИСАНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА СО „КОСМИЧКА“ ШАРА (МОДРИ И ВИОЛЕТОВИ)
Доколку сакате оваа година вашата велигденска трпеза да изгледа уникатно, а притоа да избегнете вештачки бои, овој метод е вистински избор.
Со едноставни, природни состојки како хибискус и зелен чај, ќе добиете длабоки модри и виолетови нијанси со мермерен ефект. Техниката е брза, креативна и безбедна – идеална за семејства, деца и сите љубители на природни решенија, пишува НМД.


Прв и полесен метод со хибискус и лушпи од виолетов кромид
5-10 јајца ставете да се варат со млака вода. Додајте еден грст хибискус и 2-3 раце лушпи од виолетов кромид. Сипете 1 лажичка сол.
После 10 минути вриење на умерена температура, сипете од течноста во посебен сад (околу 100 мл), па вратете го тенџерто на оган.
Варете ги јајцата додека течноста целосно испари. Извадете ги јајцата и за дополнителен сјај премачкјате ги со масло.

Втор метод со куркума, хибискус и зелен чај
🥚 Потребни состојки:
• 6–8 јајца
• 1 лажица куркума
• 40 мл врела вода
• 100 г зелен чај
• 50 г хибискус
• 1 лажичка сол
• салфетки или газа
• кесички (или фолија за завиткување)
• памучни туфери
• малку масло или путер (за сјај)
👩🍳 Постапка:
1. Подготовка на јајцата
Ставете ги јајцата во тенџере, прелијте ги со вода и додајте сол. Варете додека да зовријат, а потоа оставете да се варат уште околу 10 минути.
2. Подготовка на природните бои
• Во мал сад додајте куркума и сипете врела вода, па промешајте.
• Во други посебни садови ставете зелен чај и хибискус, па прелијте ги со врела вода. Оставете да отстојат 10 минути, па процедете. Сочувајте ги течностите, но и исцедените ливчиња.
3. Креирање на „космички“ ефект со течности
Врз кеса или фолија наредете по 2 памучни туфери разделени на половина, во вертикален ред. Натопете ги во различните бои. Завиткајте го јацето и цврсто врзете го.
4. Креирање на „космички“ ефект со ливчиња
Завиткајте го секое јајце во салфетка или кеса, целото обложено со ливчиња од хибискус и зелен чај. По желба додајте и малку од течностите во боја.
5. Боја и интензитет
Оставете ги јајцата да стојат најмалку 4 часа, а најдобро преку ноќ за поинтензивни нијанси.
6. Финален изглед
Извадете ги, внимателно одвиткајте и оставете да се исушат. За дополнителен сјај, премачкајте ги со малку масло или путер.
За најдобар резултат, користете квалитетни органски чаеви и кујнски додатоци (тенџере со дебело дно, памучни туфери, природни бои) кои обезбедуваат поинтензивни нијанси и подобра текстура.
🎨 Резултат
Ќе добиете уникатни, мермерни јајца во модри, виолетови и темни нијанси – секое различно и впечатливо, како мало уметничко дело. Постапката погледнете ја ОВДЕ:




































