Home Супи и чорби Со што може да се згусне чорбата, а тоа да не е...

Со што може да се згусне чорбата, а тоа да не е брашно или скроб?

Со што може да се згусне чорбата без брашно? 10 здрави кујнски трикови што ги користат искусните готвачи

Во многу кујни на Балканот, густата чорба речиси секогаш се поврзува со класичната запршка – пржено брашно во масло.

Но сè повеќе луѓе денес бараат полесни и поздрави начини за готвење, особено за време на постите, кога чорбите и супите се честа храна на трпезата.

Добрата вест е дека чорбата може да се згусне на повеќе природни начини – без брашно и без скроб, а вкусот да остане дури и побогат.

Искусните готвачи често велат:

Најдобрата чорба се згуснува со она што веќе се вари во тенџерето.

Овој пристап ја прави храната полесна за варење и поприродна.

Ова е најздравата запршка – без трошка брашно, а јадењето станува кремасто и лесно за дигестија

Зошто некои луѓе избегнуваат класична запршка?

Класичната запршка се прави со пржено брашно и масло, што за некои луѓе може да биде тешко за варење.

Нутриционистите често објаснуваат дека:

• прженото брашно може да ја оптовари дигестијата
• храната станува потешка за желудникот
• не е погодна за луѓе со чувствителна слузокожа на желудникот

Дополнително, луѓето со целијакија или интолеранција на глутен мора да избегнуваат класично пченично брашно, па затоа овие природни техники се особено корисни.

Природни начини за згуснување на чорба без брашно

1. Испасиран варен компир

Ова е еден од најстарите кујнски трикови.

Кога компирот ќе се свари, извадете едно или две парчиња, испасирајте ги со виљушка и вратете ги во чорбата. Скробот што природно го содржи компирот ќе ја направи чорбата густа и кремаста.

2. Испасиран зеленчук од чорбата

Морков, кромид, тиквичка или пиперка што веќе се вареле во чорбата може да се испасираат со рачен блендер и повторно да се измешаат.

Овој метод е многу популарен во модерната гастрономија бидејќи:

• ја згуснува чорбата природно
• ја збогатува со вкус
• додава повеќе хранливи материи

Ова е тајната за кремаста чорба без запршка…Здравје во секоја лажица!

3. Варен ориз

Малку варен ориз изблендиран со една кутлача од чорбата може да создаде одлична природна густина.

Овој трик често се користи во медитеранската и ориенталната кујна.

4. Мелени овесни снегулки

Овесните снегулки може да се измелат во прав и да се додаваат постепено во чорбата.

Тие:
• ја згуснуваат храната природно
• додаваат растителни влакна
• ја прават чорбата по-заситувачка

Овој метод е многу популарен кај луѓе што практикуваат здрава исхрана.

Бела пилешка чорба со ладна запршка…Вкусно и едноставно јадење за целото семејство…

5. Пасирана леќа или наут

Во чорбите што содржат мешунки, дел од нив може да се испасираат и повторно да се вратат во тенџерето.

Резултатот е:
• густа структура
• побогат вкус
• повеќе протеини

6. Блендиран карфиол

Карфиолот има неутрален вкус, а кога ќе се изблендира создава многу кремаста структура, без да ја промени аромата на чорбата.

7. Домашно пире од тиква

Во некои чорби, особено есенски рецепти, малку пире од тиква создава природна густина и благ вкус.

8. Бадемово или оревово млеко

Во некои посни чорби се додава малку растително млеко, кое создава нежна кремаста текстура.

Мал кујнски трик што го користат готвачите

Ако сакате чорбата да биде густа, а сепак лесна, професионалните готвачи често комбинираат два метода:

• испасиран зеленчук
• малку варен ориз или овес

Така се добива структура слична на класична запршка, но без тешки масти.

Зошто овие методи се сè попопуларни?

Современите нутриционистички препораки сè повеќе ги охрабруваат луѓето да користат природно згуснување на супи и чорби, затоа што:

• храната е полесна за варење
• има повеќе растителни влакна
• не содржи глутен (во многу случаи)
• е погодна за луѓе со чувствителен желудник

Затоа овие трикови стануваат особено популарни во периоди на пости, кога растителните чорби се често на трпезата, пишува НМД.