Динстан и мариниран ѓумбир – традиционален рецепт со современа примена
Во традиционалната народна кујна, ѓумбирот отсекогаш имал посебно место. Не само како зачин, туку и како дел од секојдневната исхрана, особено во потоплите месеци.
Денес, кога сè повеќе луѓе се насочуваат кон природни, едноставни и долготрајни решенија за кујната, овој стар метод повторно добива внимание.
Динстаниот и потоа благо сушен ѓумбир има помек вкус, подобра текстура и подолг рок на употреба, а кога се комбинира со оцет и шеќер, добиваме производ што може да стои со месеци – без фрижидер, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🛒 Потребни состојки
• 1 kg свеж ѓумбир
• 2 лажици сол
• 1 лажица сода бикарбона
• по потреба вода
• 200 g крупен шеќер (за поспоро растворање)
• по потреба балсамико оцет, јаболков или оризов оцет
• НМД
👩🍳 Постапка
1. Подготовка и чистење
Одделете ги грутките ѓумбир за полесно чистење. Ставете ги во поголем сад, додајте сол и сода бикарбона, па сипете вода додека целосно не се покријат. Промешајте додека состојките се растопат и оставете да стои околу 10 минути.
Овој чекор овозможува темелно чистење, особено во тешко достапните делови, без потреба од лупење.
2. Миење и сушење
По натопувањето, добро исчеткајте го ѓумбирот, исплакнете под млаз вода и оставете целосно да се исцеди. Распоредете го на чинија и оставете кратко да се исуши на воздух.
3. Динстање
Во тенџере со решетка за парење сипете вода и загрејте додека да зоврие. Наредете го ѓумбирот без да се преклопува, намалете на средна температура и динстајте 10–15 минути, во зависност од големината.
Со овој процес вкусот станува поблаг и поурамнотежен, а текстурата попријатна.
4. Сечење и сушење
Оставете го ѓумбирот малку да се олади, па исечете го на тенки парчиња. Распоредете ги на плех или решетка, без да се допираат. Сушете на сончево и проветрено место или во дехидратор, додека парчињата се суви на допир, но сè уште еластични.
5. Маринирање
Подгответе совршено суви и стерилизирани стаклени тегли. Наредете ѓумбир, додајте крупен шеќер и сипете оцет додека целосно не се покрие. Може да подготвите со балсамико, јаболков или со оризов оцет.
Затворете и чувајте на собна температура околу 10 дена пред употреба.
💡 Корисни факти и практични совети
• Динстањето ја омекнува природната лутина и го прави ѓумбирот поприфатлив за секојдневна употреба
• Балсамико оцет дава подлабок и порафиниран вкус, погоден за гурманска кујна
• Оризовиот/јаболковиот оцет е полесен и освежувачки – одличен за лето
• Течноста од маринирањето може да се разреди со вода како освежителен пијалак
• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:


































