Брз и лесен рецепт. Колачот има неодолив вкус, а додека се пече целата куќа ви мириса прекрасно.
Потребни состојки:
Се користи шолја од 200 мл
3 јајца
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
2 шолји шеќер
1 шолја млеко
1 шолја путер
3 шолји брашно
1 лажица цимет
400 г суво овошје по избор
1 лимон
1 портокал
100 г чоколадо (може и без, доколку не сакате)
цимет за наросување одозгора
Постапка:
3 белки со миксер изматете ги во цврст снег, потоа една по една додавајте ги додадете жолчките.
Потоа постепено додавајте ги останатите сосгојки: ванилин шеќер, кристален шеќер, прашок за печиво, млеко, путер, брашно и супена лажица цимет, а потоа смесата полека доматете ја со миксер убаво да се соедини.
Додадете ситно сечкано суво овошје по желба (брусница, суво грозје, сува кајсија, ореви, лешници, суви смокви, урми, сув ананас…)
Изрендајте кора од лимон, портокал и 100 г чоколадо, измешајте со лажица и излејте во намастен и набрашнет плех или калап за куглоф.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 50-55 минути (во зависност од јачината на рерната).
Печениот колач превртете го на даска или чинија и додека е врел наросете го со цимет.