Традиционално милибродот или козињакот се приготвува за Велигден.
Потребни состојки:
1 кг брашно тип 400
1 коцка свеж квасец
5 јајца
1 мал филџан масло
200 г шеќер
300 мл топло млеко
и уште:
15о г суво грозје
100 г кандирана кора од лимон или портокал, а ако немате може и рендана кора
1 јајце за премачкување
Постапка:
Прво ставете го квасецот да се активира како што тоа вообичаено го правите. Замесете меко тесто од брашно, додадете шеќер, помешајте ги јајцата со топлото млеко, па додадете ги во брашното, квасецот и на крајот маслото.
Сето добро замесете го и оставете да се удвои. Имајте во предвид дека на тестата со јајца малку повеќе им е потребно време за да стасаат, па затоа оставете убаво да нарасне.
Потоа тестото премесете го и 20 пати удрете го работната површина.
Тестото поделете го на 9 еднакви делови од кои ќе формирате топче.
Од секое топче расукајте правоаголник, наросете го со суво грозје и кандирана кора од лимон и портокал, а можете и да го премачкате и со џем од сливи. Свиткајте го како ролат.
Од три вакви ролати сплетете плетенка. Ќе добиете три плетенки кои ќе ги наредите во големиот плех обложен со хартија за печење.
Одозгора премачкајте ги со јајце, оставете ги уште малку да нараснат па печете ги на 200 степени, околу 50-60 минути, а кога ќе фатат боја одозгора покријте ги со хартија и намалете на 150впа допечете.
Плетенките можете посебно да ги печете или да ги споите во круг со дупка во средината, која за Велигден се пополнува со велигденски јајца.
Има уште варијанта со помалку јајца, каде оди нешто повеќе од 1 кг брашно, 3 јајца, 1 свеж квасец, 125 г маргарин, 250 г шеќер и 500 мл млеко, а за премачкување само џем и за одозгора јајце па наросено со сусам. Постапката е иста. Може да наросите и листови од бадем.