Потребни состојки:
Освен цреши можете да користите и друго овошје.
4 јајца
150 г шеќер
200 г гриз
200 мл кисела павлака
500 г цреши
1 ванилин шеќер
Постапка:
Црешите измијте ги и извадете им ги семките. Ако користите од компот, убаво процедете ги.
Одвојте ги белките од жолчките, па белките изматете ги во цврст снег.
Жолчките изматете ги со шеќер и ванилин шеќер, па додадете ја киселата павлака и гризот.
Со лажица внимателно промешајте го снегот од белки. Потребно е да остане воздушест.
Смесата излејте ја во помал плех или калап претходно намастен и набрашнет, па наросете црешни претходно малку извалкани во брашно, не мора).
Печете во рерна загреана на 180 степени околу 35 минути. Проверете со чепкалка да не го препечете колачот.
Одозгора можете да наросите шеќер во прав. Наместо цреши можете да користите и друго овошје.