Home риба Риба со златна коричка, сочна однатре, крцкава однадвор

Риба со златна коричка, сочна однатре, крцкава однадвор

Риба со златна коричка: сочна внатре, крцкава надвор

Овој рецепт го претвора обичниот рибен деликатес во вистинско уживање – нежно месо обвиткано во ароматична маринада и крцкава обвивка.

Дури и оние што досега го избегнувале, по првиот залак бараат повторно. Еве два проверени начини за подготовка, едноставни, а со извонреден резултат, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Рецепт 1: Риба во јајца и брашно

Потребни состојки:
1200 г риба (минтај, ослич или др.вид на риба)
1 лажичка сол (по вкус)
1 лажичка сув зачин
1 лажичка зачин за риба
2 јајца
2-3 лажици брашно
растително масло за пржење
НМД

Постапка:

Исечете ја рибата на парчиња со големина по ваша желба. Посолете ја и зачинете ја со зачини за риба.

Додајте ги двете јајца и добро промешајте. Оставете да се маринира 20 минути. Потоа посипете со 2-3 лажици брашно и повторно промешајте за рамномерна обвивка.

Пржете во умерено загреано масло под капак додека да се создаде златна коричка.

Алтернативно, наредете ги парчињата во плех обложен со хартија за печење, попрскајте со масло и печете во загреана рерна на 180-200 °C додека да заруменат и станат крцкави од двете страни. Послужете посипано со ситно сечкан свеж магдонос.

Рецепт 2: Риба во соја сос и зачини

Потребни состојки:
2000 г риба (минтај, ослич или др.вид на риба)
1 лажичка сол (по вкус)
1/3 лажичка рузмарин
1 лажичка црвен пипер во прав
0,5 лажичка босилек
2 лажици соја сос
црн пипер по вкус
2 лажици растително масло
брашно за валкање
растително масло за пржење
НМД

Постапка:

Исечете ја рибата на парчиња. Посолете ја, зачинете ја по вкус. Додајте соја сос и растително масло, па добро промешајте. Оставете да се маринира 30 минути.

Секое парче валкајте во брашно и пржете во загреано масло под капак или печете во рерна на ист начин како во првиот рецепт – на 180-200 °C додека да добијат златна и крцкава коричка. Посипете со свеж магдонос пред сервирање.

Постапката погледнете ја видео прилогот ОВДЕ: