Потребни состојки:

1 кг брашно

100 мл млака вода

50 г свеж квасец

1 лажица шеќер

300 мл млака вода

400 мл кефир на собна температура

1 лажица сол

100 мл за премачкување на тестото, лепињите, тавата

Постапка:

Квасецот издробете го во млака вода, убаво промешјте и додадете една лажица шеќер и малку од брашното. Повторно промешајте да добиете густа смеса и оставете 10-тина минути на топло да се активира.

Во активираниот квасец додадете 300 мл млака вода, 400 мл кефир на собна температура и со постепено додавање на брашното замесете меко тесто.

Во замесувањето додадете и една лажица сол, па продолжете го месењето со рака, на работна површина.

Тестото е меко и малку лепи на раце. Премачкајте го со масло одозгора и префрлете го во намастен сад, да кисне околу половина час на топло, покриено со проѕирна фолија.

Од надојденото тесто, со намастени раце премесете го нежно и одвојте 9 топчиња.

Брашното кое ви останало од 1 кг искористете го за развлекување на лепињите.

Секое топче со огклагија развлечете го како палачинка, малку намастете со прстите и лепињата печете ја во загреано тавче за палачинки околу 8-10 минути постојано вртејќи го од двете страни.

Печените лепињи завиткајте ги во крпа а потоа покријте ги со најлон кеса.

Вака приготвените лепињи се меки како памук!

Целата постапка можете да ја погледнете на видеото: