Важев за убавица во мојот град и бев голема заводничка. Не се срамам, едноставно самата моја појава ги привлекуваше мажите, слободни и женети.
Беа луди по мене, а јас тоа го користев и го користев како игра. Поради една таква игра, дознав отпосле, јас настрадав.
Едно момче сум го повредила, сум го оставила, а тој разочаран во мене заминал кај некоја врачарка за да ми направи црна магија. Потоа, во животот бев нападната од уште полоши магии.
Наместо мажи, почнав да привлекувам демони. Последните три години поминав низ вистински пекол. Кога имав 14 години се преселивме со мајка ми и татко ми, а подоцна татко ми нè напушти.
Живеевме тешко и тоа никогаш не ми беше оправдување за она што станав. А станав жена која си го продаваше своето тело.
Во почетокот без цена, потоа за бунди, накит…со време почнав секојдневно да се уновчувам, а во игра беа станови, автомобили, патувања.
Тоа најчесто беа врски со женети, каде јас бев втора жена, љубовница. Моето молчење и страста во креветот, мажите обилно ми го плаќаа – се сеќава Весна.
Пред три години таа одлучила да го промени животот, да се вљуби, да се омажи и да роди деца. На ова ја поттикнала една грда сцена која се случила во трговскиот центар. Имено, пред неа се појавила сопругата на нејзиниот љубовник, а со себе ги повела и своите две деца. Тие плачеле, врискале, направиле сцена. Дошла и полиција за да ги раздели.
-Вечерта кога го гледав мојот љубовник како дошол мене да ме теши наместо својата жена, ми се слоши. Тогаш решив да свртам нова страница во мојот живот. Но, не беше така лесно како што си мислев. Не бев вработена и тогаш сфатив дека сум зависна од туѓи пари – се сеќава Весна.
Така таа нашла друг богат маж, тукушто разведен, 22 години постар од неа…
-Двајцата зрели, договоривме повремени средби кои тој ги финансираше. Паралелно најдов работа во еден бутик и така почнав да се надевам на убава иднина.
Но, еден ден најдов чудна кукла оставена пред мојот стан. Не знам што ми стана, ја зедов и ја внесов во станот.
Првата ноќ со куклата ми беше страшна. Мислев дека ќе полудам од голем страв. Имав халуцинации дека целата спална ми се тресе, слушав морничави крици, лелекања, цимолење… пред очи ми летаа делови од тело, крв, некои темни ликови…морбидно.
Сакав да се јавам во полиција, се тресев, но не успевав. И во целиот тој хаос пред очи, одеднаш како на филм, сè стануваше нормално и мирно. Собата уредна. Тогаш помислив дека нешто не е во ред со мојот ум и дека полудев.
Не можев да спијам бројни ноќи после тоа. Секоја прва, трета и седма ноќ во седмицата јас имав стравични кошмари и сцени кои се повторуваа.
Подоцна разбрав дека сопругата на претходниот љубовник ме казнила. Не и забележувам, беше страшно.
Отишла кај некој маг да ми направат вуду магија.
Последните три години јас полудев, го изгубив умот, по улиците одев како луда, ги изгубив пријателите, останав без работа. Одев на психолошки третмани и добив дијагноза – депресија.
На крај пропаднав духовно, се затворив во станот. Еден ден на врата се појави татко ми со својата нова сопруга. Во нивните очи видов дека знаеја што сум и со што се занимавам.
Сега, кога сето е зад мене, сакам да ви кажам дека е тешко да се расте без татко, тој мене ме напушти кога најмногу ни требаше мене и на мајка ми.
Но сè му простувам зошто тој се врати по мене, дојде и ми помогна. Ме однесе кај исцелителка која ме прочисти и ме подигна на нозе. Ги тргнаа сите магии од мене и повторно почнав нормално да спијам.
Ми исчезнаа и црните мисли, зошто во последно време помислував да се самоубијам. Но, сега сум добро, здрава сум, живеам со татко ми и маќеата и полека се враќам во нормалниот живот.
Сакав да ви порачам, никогаш да не се откажувате што и да ве снајде, секогаш има решение за сè. Јас го гопрев дното, но еве ме, жива и здрава. Ви благодарам- завршува Весна.