Фото и рецепт: Ивана Антиќ
Мерката е чаша од јогурт (180-200 мл)
Потребни состојки:
4 чаши брашно
2 чаши шеќер
1 чаша масло
1 прашок за печиво
1 кесичка цимет (или по вкус) и малку какао за да се добие темна боја
1 лажичка сода бикарбона
3 чаши вода
За премачкување: џем
За глазура: 200 г чоколадо за готвење со малку масло (2-3 лажици)
Постапка:
Сите состојки измешајте ги и соединете ги, па излејте во намастен и набрашнет плех и печете на 200 степени околу половина час или додека да биде печено (проверете со чепкалка).
Печениот колач додека е врел премачкајте го со џем, а кога ќе излади прелијте го со растопеното чоколадо.
Фото и рецепт: Ивана Антиќ
Прочитајте уште еден рецепт за посно медено срце каде имате и видео: ТУКА