Бенефитите од консумацијата на лененото семе се бројни, а исто така и неговата бројна примена. Уживајте во оваа чаша полна здравје и диетални влакна!
Потребни состојки:
4 лажици мелено ленено семе
1 лажичка мед од липа
1 литар свежо исцеден сок од ананас (или изблендиран уште подобро)
Постапка:
Измешајте ги сите состојки во блендер и веднаш пијте. Оваа количина е доволна за 4 лица (4 чаши). Послужете веднаш.
Совет: лененото семе сомелете веднаш пред консумирање, бидејќи со стоење оксидира и ги губи своите лековити својства.
Напитокот пијте на празен стомак.