Ја нарекуваат и кралска свеќа поради својот издолжен изглед. Позната е под разни имиња: волчја опашка, бабјак, лопен, дивизма, див тутун, широк лопух, лепрух, кралско цвеќе… го има преку 250 видови од кои четири се едндемски во Македонија.

Лопен ( лат.Verbascum densiflorum ) е двегодишна  билка позната по нејзиното чудотворно дејство уште од многу одамна. Во народот е познато и како кралско цвеќе, а во минатото била позната билка кај Римјаните, кои изговарале волшебни зборови берејќи ја.

Се карактеризира со крупни жолти цветови и расте на земјишта кои не се плодни, како и покрај шумски падини и песокливи области покрај реки. Билката може да се најде од јуни до октомври, кога е всушност и нејзиниот период на цветање. Коренот се бере во март.

Лековити се сите делови на билката, особено цветот, со тоа што се бере во текот на целото лето и есенскиот период, најпрепорачливо наутро. Мирисот се менува кај сувите листови, со арома на мед, а нивната лековитост е поврзана со нивната жолта боја. Оваа билка содржи танин, пектин, фенолна киселина, шеќер и етарско масло кои се наоѓаат во цветот, додека семето и другите делови се благо отровни.

Лопенот е особено корисен за следниве проблеми со здравјето:

-воспалени дишни патишта

-астма

-срцев ритам

-кожни инфекции

-проблеми со желудникот

-инфекции на очи

-инфекции на уши

-туберкулоза

Се препорачува и како лек против кашлица, како благ диуретик поради присутството на сапонини и флавоноли. Чајот од лопен е корисен при различни стомачни тегоби и проблеми со желудникот, како и тегоби со нарушен срцев ритам. Се смета за еден од најдобрите лекови на природата кои служи и за лечење на гнојни рани, инфекции, чиреви.

Билката е лек и за болки предизвикани од ревматизам, во комбинација со ракија, при што се подготвува народен лек, но и одличен лек за масажа. Има пријатно влијание врз кожата, и нејзината примена е забележана и во козметиката, во различни креми и купки.

Има позитивно влијание на изгореници, во комбинација со медот, а комбинирајќи го со други различни додатоци, се пренасочува неговата лековитост за различни болести.

Оваа билка не смее да биде употребена од лица болни од рак, како и бремени жени и доилки.

Подготовка на чај од цвет од лопен:

8-10 цветови од лопен се ставаат во 300 мл. зовриена вода, по што потоа убаво ќе се процеди за да не предизвика пецкање во грлото. Оваа напивка се пие неколку пати дневно по една чаша, а водата може да се замени и со млеко.

Лековити својства на Лопенот:

Содржи: сапонини, гликозиди, иридоиди, витамин Ц, танини и минерали цинк и селен. Големиот број антиоксиданти во лопенот делуваат антивоспалително, антимикробно и регенеративно.

Универзален лек за разни болести на дишните патишта:

Лопенот делува смирувачки, поттикнува искашлување, ја намалува иритацијата. Листот и цветот содржат сапонини и други состојки кои го олеснуваат искашлањето и помагаат за полесно исфрлање на слузта од белите дробови. Помага при настинки, грип, ангина, бронхитис, пневмонија, па дури и при астма.

Добар лек е против алергии, бидејќи со својата слуз ги обложува дишните органи, со што физички штити од апсорпција на алергените и на тој начин го намалува ризикот од алергиска реакција.

При тешки случаи на белодробни болести, листот од лопенот може да се запали и да се инхалира (не содржи штетни состојки како тутунот).

Природна помош за лекување на габични и бактериски инфекции

Лековите приготвени од лопен со векови се користат во борбата против различни инфекции предизвикани од бактерии и габи. Антимикробното и антивоспалителното дејство го има поради фенолните соединенија. Со истражувања е утврдено дека екстрактот од лопен делува против низа штитни организми меѓу кои голем број се отпорни на конвенционалните лекови:

-Staphylococcus aureus

-Bacillus subtilis

-Micrococcus luteus

-Enterococcus faecalis

-Escherichia coli

-Pseudomonas aeruginosa

-Klebsiella pneumonia

-Vibrio cholera

-Enterobacter coccus

-Aspergillus fumigatus

Заклучокот е дека лопенот има голем антибактериски потенцијал.

Мацератот приготвен од оваа билка традиционално се приготвува за тегоби предизвикани од микроби и разни воспаленија. Особено се користи како лек за болки и воспаление во убвото, потоа за херпеси, рани, езгези и разни убоди. Се применува и при воспаление на очите, болки во коски и мускули, хемороиди.. Рецептот ќе го пронајдете на крајот од текстот.

Се користи за лекување на проблеми со коски и зглобови

Често се користи при повреди на грбот бидејќи ги подмачкува прешлените и зглобовите. Често се користи за повреди кај кои повеќето луѓе мислат дека се неизлечиви. Многу хербалисти ја користат оваа билка за лекување на дискус хернија и фрактури на коски.

Слузта која што ги навлажнува белите дробови, подеднакво ги подмачкува и зглобовите. За проблеми со коски, зглобови, артритис и реума, народната медицина го користи лопенот надворешно.

Коренот од лопен се користи за лекување на бубрези и мочен меур

Повеќето лекови приготвени од лопен се состојат од цевт и лист, но и коренот има свои лековити својства. Особено е ценет тоникот против уринарна инконтиненција, кој ги јакне мускулите и ја подобрува функцијата на мочниот меур.

Исто така ја намалува фрекфенцијата на уринирање, а има и адстрингентни својства кои го ублажуваат воспалението на мочниот меур.

Не иритира, ниту претерано ја стимулира функцијата на бубрезите и мочниот меур.

Хербалистите го препорачуваат коренот од лопен и при: интерстициски циститис, бенигна хипертрофија на простатата, пареза на лице и други проблеми со фацијалниот нерв.

Останати лековити својства на лопенот:

-помага при дијареа и грчеви во стомакот

-помага при несоница

-ги олеснува мигрените

-помага при забрзана работа на штитната жлезда

-го намалува холестеролот и триглицеридите

РЕЦЕПТИ

Мацерат од лопен

Во 500 мл маслиново масло потопете 65 грама сув цвет од лопен и оставете 40 дена на сончево место. Процедете низ густа газа и затворете во темно шише. Се чува на темно и ладно место.

Примена:

-проблем со уво: капнувајте по 3 капки 3 пати дневно

-проблем со очи: мачкајте 2-3 пати дневно

-проблем со кожа: се мачка неколку пати дневно.

Тинктура од лопен:

Тинктурата се препорачува кај болки со коски, рбет, при вирусни, бактериски и габични инфекции.

Во 500 мл 60-70% алкохол ставете 65 г сув цвет и оставете 2 седмици на топло место. Процедете низ густа газа во темно шише. Чувајте на темно и ладно место.

Примена: 3-7 капки, 3-4 пати дневно. Можете да започнете со помала доза која подоцна ќе ја зголемите.

Чај од лопен:

Особено се препорачува кај сите болести на дишниот систем, особено ако се проследени со сува кашлица, но и кај другите наведени болести.

Со 200 мл врела вода прелијте 1 чајна лажичка билка, поклопете и оставете да отстои 15 минути, па процедете.

Примена:

Пијте 2-3 шолји чај со мед. Ако ве мачи ноќна кашлица, пригответе чај во термос, па така можете да пиете чај по потреба. На истиот начин можете да приготвите и напиток со млеко кој е исто така корисен при дишни проблеми.

Облози за очи:

Одлична облога против сите видови воспаленија на очи: попарени цветови од лопен. Цветовите ставете ги во платнена вреќичка или завиткајте ги во марама, натопете во чај од лопен и малку оставете така попарено за да ги пуштат лековитите состојки.

За уринарни тегоби:

Измешајте 3 дела корен од бел слез, 2 дела корен од лопен, 1 дел корен од Ресник и 1 дел корен од слатко дрвце(Glycyrrhiza glabra). Една чајна лажичка од оваа мешавина се става во 250 мл вода. Варете во зовриената вода 20 минути, процедете и пијте во мали голтки низ целиот ден.

БЕРБА НА ЛОПЕНОТ:

Цветовите се берат од почетокот на јули, во текот на целото лето, па се до крајот на есента. Важно е да се исушат така да не ја изгубат бојата и херметички да се затворат бидејќи во спротивно ќе ја изгубат лековитоста.

Листовите се берат после цветањето по сончево и суво време, па се сушат и се чуваат во херметички затворен сад.

Коренот се копа доцна во есен или рано во пролет, пред да започне да зазеленува.

Напомена: Лопенот нема познати нуспојави и се смета за сигурна билка. При орална употреба потребно е да се процеди низ густа ткаенина, бидејќи во себе содржи ситни влакненца кои можат да го иритираат грлото.