Веројатно нема пораспространета самоника билка во нашите краишта од глуварчето. Расте насекаде и веќе со векови наназад е омилена кај народот како лековита билка за многубројни болести.

Глуварчето е посебно интересно бидејќи е лесно достапно а сите негови делови се јадат и се лековити.

Почнувајќи од пролет па до есен е лесно забележливо бидејќи неговите цветови ја прекриваат речиси секоја ливада и парче земја во нашите предели.

Направете сопствен екстракт или тинктура од оваа одлична билка која ќе можете да ја користите во текот на целата година. Тинктурата можете да ја направите лесно, а за нејзина изработка се користат сите делови на билката.

Овој текст ќе биде прекраток за набројување на сите благодети кои можете да ги имате со употребата на глуварчето, односно на сите негови делови.

Тинктурата од глуварче позната е кај нашиот народ со векови и најчесто се приготвувала со користење на неговиот корен потопен во ракија.

Користејќи ја народната мудрост и искуство, ви го претставуваме рецептот како сами да си го направите и да го користите овој лек.

Доколку не сакате рецепт со алкохол постои и друг рецепт кој е базиран на шеќер и попознат како сируп или мед од глуварче кој можете да го најдете на нашиот портал.

За ТИНКТУРА ви се потребни:

свежо глуварче, цела билка (корен, листови и цветови, најдобро берено рано на пролет, но може и во било кој период од годината).

ракија или водка од 35-45 степени алкохол

Постапка:

Наберете свежа билка која расте далеку од улици и загадување. Задолжително извадете ја целата билка сосе нејзиниот корен, бидејќи тоа е најлековитиот дел.

Сите делови добро измијте ги, исушете ги и исечете ги на што поситни парченца. Потоа можете да ги изблендате во миксер за да добиете маса во која алкохолот полесно ќе продре, но не морате.

Вака добиената смеса ставете ја во стаклена тегла, па целосно прелијте со ракија или водка. Предлагаме водка поради послабиот мирис, но и ракијата добро ќе си ја заврши задачата – извлекување на лековитите состојки.

Обидете се да обратите внимание на соджината, односно, барем половината да претставува корен, а останатата половина да биде составена од листови и цвет.

Садот добро затворете го и оставете на собна температура да не допира до него сончева светлина. Вака нека „одлежи“ три седмици. Одвреме на време протресете го садот.

После три седмици процедете ја смесата преку газа, така да добиете само течност. Вака добиената течност содржи концентрација од целото богатство на лековити состојки на глуварчето.

Тинктурата складирајте ја соодветен стаклен сад и чувајте на темно место.

Тинктурата се користи кај ревматоиден артитис и гихт, а особено е ефикасна за јакнење на функцијата на бубрезите, чистење и закрепнување на црниот дроб од жолтица, хепатитис и други заболувања.

Тинктурата користете ја при проблеми со маснотии во крвта, бидејќи со редовно користење ќе ви се намали холестеролот, ќе ви се регулира високиот крвен притисок и воопшто ќе овозможи прочистување на крвта за што со векови се корстела кај народот.

Билкарите го препорачуваат глуварчето за женски заболувања, проблеми во менопауза, проблеми со доење, цисти и алергии.

Тинктурата се користи за создавање и излачување на жолчката. Посебна препорака е тинктурата да ја користат дијабетичари како природна контрола на инсулинот.

Глуварчето ги намалува воспаленијата во телото посебно на ниво на крвни садови со што се редуцира и намалува опасноста од кардиоваскуларни заболувања.

Новите студии од 2008 и 2011 година објавени во Journal of Oncology потврдуваат дека глуварчето има значителна улога во борбата, намалувањето и превенцијата на повеќе видови на рак, особено на белите дробови, простата и кожа.

Глуварчето има лековита сила за јакнење на телото, излачување на отровите преку потта, ја зајакнува и подобрува столицата.

Влијае врз излачување на слузта од телото, урината и другите отровни супстанции кои телото го прават уморно и поспано, па со редовно користење ќе почувствувате како енергијата и силата ви се враќаат назад.

Освен набројаните благодети, екстрактот од глуварче кој ќе го добиете на овој начин, е преполн со витамините А, Б2, Ц, Д, Г како и калиум, натриум, фосфор, калциум и железо.

Тинктурата користете ја по потреба, но можете и превентивно за целокупниот организам.

УПОТРЕБА:

Тинктурата се консумира на следниот начин: се капнуваат 20-30 (по потреба слободно и повеќе) капки во половина чаша вода 3 пати на ден. После користењето од три месеци потребно е да се направи пауза.

ВАШИ КОМЕНТАРИ:

Коментар на Јован Николоски: “Isusen koren od gluvarce..izrendan ili blendiran e mnogu efikasen ( edno kafeno lazice pred jadenje pola cas) protiv kancerogeni zaboluvanja !!!”

Коментар на Виолета Виолета: “Go imam licno praveno so  360 cvetovi vareni so limon secer gustina kako med pomaga za bronhit isfrlanje na slajm..”

Коментар на Љубе Ванда: “IMAM PRIJATELKA KOJA OD  300 CVETA PRAVI MED OD MLECKA KOJ MNOGU I POMAGA ZA BOLNI KOSKI.”