Питава ми беше љубов на прв залак: ви го подарувам рецептот што ги воодушеви и гостите.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г кори за пита
1 средна главица кромид
500 г мелено месо по избор
3 средни компири
Зачини по вкус, сол, вегета, црн пипер

ЗА ПРЕЛИВ:

3 јајца
100 мл масло
1 кисела павлака
200 мл минерална вода
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

Кромидот ситно исечкајте го и кратко пропржете го на масло, па додадете го меленото месо. Зачинете по вкус и пржете уште некоја минута.

За тоа време излупете ги компирите и изрендајте ги на крупно ренде. Ренданиот компир додадете го во месото и кромидот, па ако е потребно зачинете уште малку. Оставете малку да излади.

Во огноотпорен сад 35х25 претходно намастен, ставете една кора превиткана на половина.

Таа кора премачкајте ја со малку масло и врз неа ставете уште една кора, исто така превиткана (како да сте ставиле 4 кори една врз друга).

Врз оваа кора ставете малку фил, па покријте со нова кора, па повторно фил и така по ред додека да го потрошите материјалот.

Последните две кори наредете ги без фил. Исечете на коцки (со величина по ваша желба) и прелијте со смесата од јајца. Потргнете со ножот малку за да може преливот да навлезе убаво.

За прелив: јајцата изматете ги, додадете масло, кисела павлака или јогурт, минерална вода и сол.

Оставете 30 минути корите добро да се натопат, па потоа печете во загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени одозгора.

Испечената пита оставете ја да отстои 15-тина минути и послужете со салата по ваш избор.