Фото и рецепт: Елена Мишковска
Да се потсетиме на еден стар посен рецепт, превкусен и незаменлив за деновите во пост.
Потребни состојки:
-модри патлиџани
-лук
-кромид
-магдонос
-домати
-сол, црн пипер, зачини по вкус, масло
Постапка:
Модриот патлиџан се пропржува од сите страни, се засекува од четири страни, па се посолува и се полни со чистени чешниња лук и сечкан лист од магдонос.
Во тавчето каде се пржел патлиџанот, пропржуваме крупно сечен кромид и црвен домат, исто така крупно исечкан.
Се посолува, се наросува црн пипер, па кога ќе омекне се префрла во тава каде ќе се пече. Врз кромидот и патлиџанот се редат модрите патлиџани, се налева малку вода и покриено се става да се пече.
Кога модриот патлиџан ќе омекне, се вади капакот или фолијата, па се допекува уште 10-15 минути.
Фото и рецепт: Елена Мишковска
Од Македонска кујна, некогаш и денес