Најмоќното масло за раст на косата… Не измивајте го за екстремен раст на косата…Ова е мешавина од масло за раст на косата од рузмарин, пискавица (грчко семе) и црно семе.
Оваа мешавина од масло за раст на косата е многу моќна, бидејќи секоја состојка е буквално средство за раст на косата и штом сето тоа ќе се измеша заедно, ги стимулира фоликулите на косата да поттикнувваат раст на косата.
Покрај тоа, содржи различни природни ајурведски состојки како и супер моќни листови од свеж рузмарин! Сите состојки можете да ги најдете во продавница за здрава храна или Билна аптека. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мензура за волумен на течности):
30 мл црно семе/црн ким (по можност измелено)
30 мл семе од пискавица (грчко семе)
30 мл листови од рузмарин (млади врвови)
50 мл рицинусово масло
50 мл екстра девствено маслиново масло
12 капки есенцијално масло од мента/пеперминт/нане
ПОСТАПКА:
1.Сите состојки измешајте ги во стаклена тегла, затворете го капакот и остаете на темно место, собна температура (во некој плакар во кујна) да отстои 3-7 дена.
2.По изминатото време процедете го маслото и добро истискајте низ двојна газа. Сладирајте го во соодветен сад и чувајте го на темно место.
УПОТРЕБА: Нанесувајте по неколку капки на целата коса од темето до врвовите со нежна масажа на скалпот. По желба маслото можете да го одмивате, но уште поголем ефект има ако го оставвите на вашата коса.
Постапката за приготвување и целото објаснуање можете да го погледнете ОВДЕ. Под видеото можете да го прочитате рецептот на нашата читателка Јасмина Михајловска Коломпар:
https://youtu.be/Ryg50s9XoYc?si=WDkFc2YFyUHo6A3f
За брз раст на косата и против опаѓање топло ви препорачувам…проверено
Масло за брз раст:
10 г сув рузмарин,
10 г каранфилче,
1 стапче цимет,
25 мл рицинусово масло ладно цедено,
60 мл кокосово или бадемово масло ладно цедено.
Сето заедно се става во тегла и се меша, се чува на собна температура 72 часа. Повремено протресете ја теглата. По 72 часа процедете и ставете ново стапче цимет. Стапчето може и да го преполовите за да го покрие маслото.
Смесата се чува во фриждер и има рок 2 месеци. Една мала лажичка е доволна за да се нанесе на коренот и да се вмасира, се држи 2 часа пред миење на косата.
20 мин пред миење на косата нсправете смеса од 2 лажици балсам, 1 лажица мед, 1 лажица масло од макадамија…измешајте и нанесете од ушите надоле по должината но не на коренот.
Измијте ја косата со вода и благ шампон кој ке го нанесете само на коренот, нема потреба да се нанесува по должината.
Кокосовото масло во фриждер ке се затегне, пред да го процедите оставете малку на собна температура да се опушти.
Кога ќе го нанесувате земете го во дланка и протријте за неколку секунди ќе се стопи помеѓу дланките.
Шампон за раст на косата:
благ шампон 200 мл,
1 стапче цимет,
10 г сув рузмарин и
10 г каранфилче.
Ставете во тегла и држете во фриждер 72 часа, потоа процедете. Се користи 3 месеци па се прави пауза од 2 месеци.
Еднаш месечно користете јак шампон, секое следно перење благ шампон. И да, не секој шампон на кој пишува дека е благ е всушност благ. Како да препознаете јак шампон?
Состојките на секој шампон започнуваст со aqua…како втора состојка ќе се најде некоја од наведениве sodium lauryl sulfate,natrium lauryl sulfate,amonium lauryl sulfat,magnesium lauryl sulfate,sodium laureth sulfate,ammonium laureth sulfate,natrium laureth sulfate.
Оној шампон кој како втора состојка има една од погоре наведените е јак шампон!! Доколку некоја од состојките се наоѓа на трето место или подоле тој шампон е средно јак.