Диетата е доста рестриктивна – па пред да се одлучите да ја примените, консултирајте се со нутриционист и лекар.
Оваа 15-дневна диета е наменета за дебели луѓе, но и за оние кои имаат тегоби со дигестијата или лош тен.
Имено, освен за слабеење, овој режим на исхрана се покажал и како одличен „чистач“ на кожата, бидејќи ја намалува апсорпцијата на масти, на природен начин, па кожата се разубавува.
Со оваа диета се слабее од половина до еден килограм дневно. Важно е секој ден да изедете по едно јајце и портокал, а ручекот и вечерата се менуваат.
Во текот на диетата се намалува внесот на јагленихидрати, па поради тоа се намалува и мускулната маса, па затоа е потребно да правите и некои физички вежби.
Храната не треба премногу да ја солите, а наместо сол употребувајте повеќе зачински билки.
Појадок за секој ден: 1 портокал, 2 лепчиња-двопек, филџан кафе или чај без шеќер.
Понеделник
Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … само не банани), 2 тост лепчиња, со шолја кафе или чај без шеќер
Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 матеница (или јогурт)
Вечера: 2 домати или 1 чаша доматен сок, 2 варени јајца, 1,2 кг зелена салата или краставици и 2 бисквити
Вторник
Појадок: 1 портокал (или круша, праска… само не банани, тост лепчиња, со шолја кафе или чај без шеќер
Ручек: 1 портокал, 1 јајце, 1 матеница или јогурт, тост лепчиња
Вечера: 125 г мелено говедско месо, 1 домат (тост лепче, 1 чаша чај или кафе)
Среда
Појадок: 1 портокал (или круша, праска… само не банани, тост лепчиња, со шолја кафе или чај без шеќер)
Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, јогурт, 1 мала главица зелена салата
Вечера: 125 г мелено говедско месо, 1 портокал, тост лепче, 1 шолја кафе или чај
Четврток
Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … само не банани), 2 тост лепчиња, со шолја кафе или чај без шеќер
Ручек: 125 г урда со малку млечни масти (или моцарела), 1 домат, 1 тост лепче
Вечера: 125 г мелено говедско месо, 2 домати и 1 чаша доматен сок, 1 јаболко, 1 тост лепче
Петок
Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … само не банани), 2 тост лепчиња, со шолја кафе или чај без шеќер
Ручек: 200 г варено месо или риба, 1 домат, 1 тост лепче
Вечера: 500 г варен зеленчук (морков, грашок, компир, …), 1 јајце, 1 домат.
ОДРЖУВАЊЕ на посакуваната тежина:
Секој понеделник јадете по следното мени:
Појадок: 1 лимонада без шеќер
Ручек: 1 јајце, 1 двопек, 1 домат (може и едно јаболко)
Вечера: 1 двопек, 1 домат (може и едно јајце)
Инструкции и правила
– Несмеете да пиете алкохол
– Храната може да се јаде топла или ладна, но важно е да се внесува по правилен редослед.
– По пет дена ќе изгубите 2,5-5 кг.
– По пет дена, два дена јадете нормално, но во умерени количини. Потоа ја повторувате диетата од понеделник до петок и така 3 пати по 5 дена; вкупно 15 дена на режим ако не се сметаат викендите.
– Можете да изгубите до 15 кг за овој период.