Непроценлив рецепт!
Домашните пишии се одлични за појадок, ужинка или оброк за носење на работа.
Па, да го пробаме и ние едноставниов рецепт. Ништо комплицирано, се меси тесто, се сука, пржи и на крај се ужива во прекрасниот вкус.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 мл кисело млеко
600 г брашно
1/2 супена лажица сода бикарбона
1/2 супена лажица сол
1 пакетче прашок за пециво
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад се става брашно,потоа се додава кисело млеко,сода бикарбона,сол и прашок за пециво.
Се замесува меко и мазно тесто. Тестото се расукува во поголема кора со дебелина од 1 сантиметар.
Расуканата кора се сече по должина на ленти,а потоа и попреку накосо за да се добијат форми на баклава.
Добиените баклавчиња се пржат во загреано масло, а потоа се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија од нив.
Пишиите се послужуваат со сирење и со чаша јогурт или пак со кисело млеко.