ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г тенки кори за пита

250 г полномасно сирење

2 јајца

Малку масло

И уште 100 мл за пржење (опционо)

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата со сирењето во пенаста смеса. Ако не е доволно компактна, додадете малку масло.

Корите за пита пресечете ги по должина на половина и филувајте ги.

Целата кора премачкајте ја по целата должина со фил од сирење. Свиткајте ги краевите убаво, за да не истекува филот, па свиткајте како ролничка. Загрејте го маслото и пржете ги питичките од двете страни за да заруменат.

Можете да ги печете во рерна во плех со хартија за печење, наросени со малку масло.

Послужете со јогурт.