ЗАГАТКА: Како да пренесете 2 овци и 1 волк на другата страна, ако само едно животно може да влезе во чамецот?
Сигурно досега безброј пати на интернет сте налетале на вакви мозочни загатки, а мора да се признае дека некои од нив со години го задржуваат вниманието.
Тие се многу популарни и често се случува да ни ги окупираат мислите со часови, а всушност решенијата не се воопшто тешки.
Ако размислите малку, ќе сфатите дека оваа загатка всушност не е воопшто тешка и дека е сосема логично, па дури и децаможат да ја решат за помалку од една минута.
Прашањето е: како овчарот ќе ги пренесе сите животни на другиот брег, ако само едно од нив може да се смести во чамецот со него?
Исто така имајте на ум дека волкот е гладен и ќе ги изеде овците штом ќе остане сам со нив.
Не брзајте да го прочитате решението и обидете се прво вие сами да го откриете…
Бидете искрени…Дали бевте блиску до точниот одговор?
Решение
Овчарот прво ќе го однесе волкот на другиот брег, а потоа ќе се врати по една овца. Кога ќе ја остави овцата на другата страна, пак ќе го земе волкот со себе.
Потоа ќе го остави волкот на првиот брег, ќе земе уште една овца, ќе ја донесе и на крајот ќе се врати по волкот.