Природно, лесно, убаво, миризливо. Малку поскапо, но кристално и магично.
За оваа година планирав за Велигден да ги бојам јајцата само со кромидови лушпи. Но тогаш дознав за ова боење во вино и морав да пробам. За жал, немав домашно вино кое што се препорачува, па купив обичен Вранец.
Добие прекрасни темновиолетови јајца наросени со ситни кристалчиња налик на кристален шеќер.
Потребни состојки:
5 јајца (по можност бели)
600 мл вино (од она што го фарба јазикот и забите кога се пие)
Постапка:
Јајцата на собна температура наредете ги во одговарачки сад ( јас користам шерпа со дебело дно за да не пукаат јајцата при варење).
Се полеваат јајцата со црно вино, целосно да бидат покриени и се оставаат 10 минути да отстојат.
Ставете на тивок оган да се варат јајцата заедно со виното до вриење, околу 15 минути.
Тргнете од оган, поклопете ги и оставете ги неколку часови, а може и преку цела ноќ.
Потоа јајцата внимателно вадете ги и бришете ги со кујнска хартиена салветка.
И тоа е се’, не треба да се мачкаат со ништо зошто ќе излезат кристалчиња.