Ова навистина мора да го пробате!!! И тоа е се’ што ќе ви кажам…
Потребни состојки:
100 г суви сливи
100 г суви кајсии
100 г цели ореви
100 г цели лешници
1 голема лажица суво грозје натопено во рум
1 голема лажица какао
1 мала лажичка цимет
200 г шеќер (или стевија по вкус)
250 г меко брашно
5 киселкасти јаболка (не смеат да бидат благи)
1 прашок за печиво
Постапка:
Во еден голем сад ставете ги сливите, кајсиите, оревите, лешниците и сувото грозје натопено во рум (ништо не треба да се сечка).
Додадете шеќер и цимет, па добро измешајте со рака.
Јаболката изрендајте ги во смесата и повторно промешајте. Додадете брашно помешано со прашок за печиво и какао.
Мешајте со лажица или со рака, ако ви се чини многу меко – додадете уште малку брашно. Смесата треба да може да се става со лажица во калап.
Во правоаголен калап за лебови, претходно намастен со путер и наросен со презла, распоредете ја смесата.
Печете еден час и 30 минути на 160 степени на долната решетка во рерната.