Самохрана мајка сама си изгради куќа…Рај од 18,5 метри квадратни за кој сите зборуваат…
По два пропаднати брака, изгубена куќа, Мишел решила сама да си изгради дом…
Мишел Боил до неодамна била принудена да изнајмува куќа во Орегон за 1.173 евра месечно.
Поради високата кирија и малата плата, Мишел немала шанса нешто да заштеди настрана. Сè што ќе заработила, а работела во кафуле, го давала на трошоци и храна.
Таа едвај врзувала крај со крај, сѐ до моментот кога нејзините деца се осамостоиле. Тогаш Мишел решила да ги земе работите во свои раце. Таа решила да изгради мала куќа за себе.
Започнала да проучува упатства од луѓе кои имаат искуства и кои изградиле мали куќи. Со многу малку пари успеала да изгради куќа во која се вселила директно од големата куќа што ја изнајмувала.
Мишел плаќала кирија од 1.173 евра месечно за куќа која имала три спални соби, кујна, бања, ходник и гаража. Сега живее во куќа од 18,5 метри квадратни.
Мишел плаќа само 58 евра за изнајмување на малото парче земја на кое стои куќата, а во оваа сума е вклучен и приклучокот за струја, вода и WIFI.
„Не само што сама ја изградив куќата, туку и ја дизајнирав“, вели Мишел.
Целиот мебел во куќата е од 40-тите или 50-тите години на минатиот век. Оваа храбра жена собирала мебел две години, имајќи на ум дека еден ден ќе има своја куќа.
Кога ќе ги погледнете овие фотографии и видео, добивате чувство дека куќата е поголема од 18,5 метри квадратни. Сепак, Мишел вели дека е посреќна во оваа куќа отколку во големата што ја изнајмувала кога децата живееле со неа.
Денес, Мишел гради и дизајнира куќи за други луѓе кои сакаат да ги намалат трошоците за живот. Нејзиниот сон стана нејзина работа со повеќе приходи отколку што некогаш се надевала! Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.