Потребни состојки:

500 г пилешко филе

700-800 г компир

сув зачин

сол, црн пипер

2 јајца

200 мл кисела павлака

50 мл масло

20 г путер

Постапка:

Компирот излупете го, измијте го убаво и исечете го на тркалца со дебелина од половина центиметар. Посолете и зачинете со црн пипер и сува зеленчукова мешавина.

Пилешкото филе исечкајте го на шницли и исто така зачинете го со сол и зеленчукова мешавина и малку запиперете го.

Огноотпорниот сад или некој друг пекач малку намастете го со путер.

На дното рамномерно распоредете го зачинетиот компир и полијте го со малку масло. Преку компирот наредете пилешки шницли, а потоа садот покријте го со алуминиумска фолија или соодветен капак.

Печете околу 30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

Потоа садот извадете го од рерна, тргнете ја фолијата или капакот.

Изматете ги јајцата со павлаката и прелијте го месото одозгора. Вратете во рерна да се допече без капак и печете уште околу 15-тина минути на 180 степени додека убаво да зарумени.