Знам дека малку е необичен овој лек, ама ние дома од кога памтам за себе го имаме дома, го прави мајка ми, го правела баба ми, пред неа прабаба ми… и многу е ефикасен. Оваа лековита мешавина помага при болки во коските, зглобовите, мускулите, главата, за симнување на висока температура..
Потребни состојки:
12 гранчиња рузмарин
12 цветови бел крин
1 литар чиста комова ракија
Постапка:
Во голема тегла на дното наредете 6 гранчина рузмарин, па после 12 цветови бел крин, па преку нив уште 6 гранчиња рузмарин и прелијте со чиста комова ракија и оставете на сончево место да отстои 40 дена.
После овој период ракијата станува лековита и може да се употребува само надворешно.
Се мачка и втријува на болното место, а доколку станува збор за хронична болка, секој ден мора да се мачка по неколку пати дневно.
Не смее да се пие!