Овој лек го користеше мојата свекрва по препорака на нејзината докторка, а после свекрва ми го користеа уште многумина, бидејќи се покажа многу ефикасен а состојките навистина не се многу скапи.

Потребни состојки:

100 г ленено семе
100 г сусам
100 г кокосово брашно
100 г сончогледови семки
100 г пченкарно брашно (бело) крупно мелено.

Сите семки и семиња треба да бидат исчистени и сирови.

Постапка:

Сите состојки соединете ги, а мешавината чувајте ја затворена во сад, во фрижидер.

Секое утро на гладно консумирајте по две супени лажици помешани со една чаша јогурт. Можете и одвечер да ги помешате па наутро да ги изедете.

Овој лек треба да се консумира најмалку 30 дена. Може да го користите и подолго време бидејќи нема никакви контраиндикации.

За оние кои не можат да најдат бело пченкарно брашно, може и жолто, бидејќи ефектот е ист: го проверивме со свекрва ми, таа некогаш користи бело, а некогаш жолто пченкарно брашно.