Во рекордно време Марко намалил 45 кг…Менито е едноставно, но многу ефикасно…
Музичарот Марко Кон ослабел 45 килограми со совети на стручни лица, но и со голема поддршка на неговата сопруга. Имено, тој открил дека патот до слабеење не е едноставен, но вреди, не само поради изгледот, туку и поради здравјето.
– Дебелите луѓе се правдаат со хормонално пореметување, а тоа е речиси секогаш точно. Тоа нарушување подоцна ја поддржува дебелината, тоа е маѓепсан круг.
Зад мене беа сериозни подготовки, жртви, лекарски совети, на ендокринолошкиот оддел добив лекови, совети, внимание, тоа е многу заморен процес. Сега е прашање на волја и знаење дека не треба да почнам да јадам триста грама чоколадо.
Почетокот е медицинска работа, мора да ве советува некој кој сериозно знае што прави. Мора да се среди метаболичкиот процес – изјави Кон во една прилика.
– Тешко е да се променат животните навики на почетокот. Не постои чудотворна диета и механизам, важно е колку калории внесувате во текот на денот, нема многу размислување, сѐ се сведува на количина, колку е подобра храната, толку помалку треба да јадете.
Прво треба да донесете одлука, а потоа да се држите до неа. Дека е едноставно – не е. Сакам да цитирам: „Не сме дебели затоа што јадеме, туку јадеме затоа што сме дебели“.
Гладот што го чувствував со 45 килограми плус е неспоредлив со оној што го чувствувам сега“, изјави Марко Кон.
Менито со кое Марко Кон ослабе:
Марко Кон во текот на 100 дена јадеше ист вид на месо за сите три оброци, избирајќи ги оние мрсните. На пример, ако имал свински врат за појадок, го имал за ручек и вечера.
Ден 1
Појадок: 3-4 шницли од свински врат.
За шницли од свински врат потребни се (за порции за неколку лица): кг шницли од свински врат, 3 главици кромид, сол и црн пипер (бело вино по желба, 2 дл).
Подготовка: шницлите зачинете ги со сол и црн пипер. Оставете ги да одморат неколку минути, а потоа загрејте го маслото во тавата во која ќе се печат, додајте го кромидот и печете ги додека да поруменат од двете страни.
Ручек: шницли од свински врат.
Вечера: неколку парчиња масна риба (лосос, харинга, скуша, бакалар), подготвени со путер.
Нутриционистите напоменуваат дека со секој оброк мора да се јаде свежа салата (зелка, зеленчук, микс).
Помеѓу оброците беа дозволени две закуски (млечни производи, јогурт, младо сирење, кисело млеко) и друго овошје (малини, капини, боровинки, брусница, рибизли, јагоди) и 20 грама коскесто овошје (ореви, лешници, бадеми, ф’стаци).
Како прилог на месото можете да додадете: карфиол, брокула, кељ, бриселско зелје, боранија, видови на зеленчук со најмала содржина на јаглени хидрати.
Ден 2
Појадок: стек.
Ручек: стек.
Вечера: неколку парчиња масна риба (лосос, харинга, скуша, треска), подготвени со путер.
Ден 3
Појадок: неколку парчиња свинско филе со зачини по ваш избор.
Ручек: неколку парчиња свинско филе со зачини по избор, динстани со кромид и зачини.
Вечера: неколку парчиња пржено мелено говедско месо.
Ден 4
Појадок: јагнешки котлети.
Ручек: јагнешки котлети, подготвени со зеленчук, модар патлиџан, пиперки, тиквички со зачини
Вечера: стек.
Ден 5
Појадок: неколку парчиња пржено мелено говедско месо.
Ручек: пржено мелено говедско месо, неколку парчиња.
Пример за јадење со мелено говедско месо
Потребни ви се: 1. 5 кг мелено говедско месо, 400 гр печурки (буковка), една лажичка мелена пиперка, 2 дл сок од домати, 100 г сланина, 3 дл говедска супа, 5 лажици масло, една лажица густин, оригано, мешавина од зачини, сол, црн пипер, лажица масло, лажица густин и праз.
Вечера: пилешки раженчиња со сланина. Интервјуто со Марко погледнете го ОВДЕ.