Фото и рецепт: Дијана Талевска

Од Македонска кујна, некогаш и денес

Ќе споделам со вас, драги мои, едно старинско јадење, кои го подготвувале нашите прабаби, баби, мајки, свекрви… Сигурна сум, тие што го подготвуваат го делат моето мислење. Јадењево е исклучително вкусно.

Свекрва ми, секогаш за Божиќ, го споменува ова јадење, кое изгледа порано било традиција-редовно си ја подготвувале оваа вкусна капама.

Потребни состојки:

1 страк праз

2-3 црвени суви пиперки

3-4 лажици доматен сос

1 шолја ориз

1 лажица буковска пипер

3 шлји вода

7-8 месести ребра

1 телешка коцка за супа

по потреба сол

по потреба мешан сув зеленчук

по потреба црна пипер

по потреба масло или свинска маст

Постапка:

Подготовката е лесна и едноставна.

Најпрво се ставаат ребрата (може и удина (кртина) со малку мрсничко) да се варат. 

Во водата им додавам сол и коцка за супа.

Празот ситно се сечка и се пржи на мрснотија. Се додава малку сол. Се додаваат и пиперките крупно издробени.

Кога ова е пропржено се додава доматата, па оризот (истребен и измиен). 

Се пржи убаво додека почнат да се делат зрната едно од едно. Се трга од оган, се додава пиперот, убаво се изедначува. 

Ја налеваме водата и тоа половина од вкупната (1,5 шоља) ладна, а другата половина од водата во која ни се вареше месото. Убаво и лесно мешаме, се додека почне да зоврива водата. 

Ја пробуваме за вкус, па зачинуваме со наведените зачини. 

Ги редиме сварените ребрата и врз нив може да наросиме од мешаниот сув зачин и црн пипер. 

Оставаме да крчка на умерен оган. Кога веќе на половина ни се намалила течноста и оризот е полусварен, ја ставаме тавата во рерна на 200 степени и оставаме да се потпечи и зготви оризот.

Фото и рецепт: Дијана Талевска

Од Македонска кујна, некогаш и денес