Вкусен и брз ручек !
Потребни состојки:
4 средни компири
1 поголема главица кромид
4 јајца
маслиново масло
сол и црн пипер
Постапка:
Компирот излупете го и исечкајте го на тенки кругови, а кромидот на тенки ленти.
На тава загрејте маслиново масло колку да се покрие целото дно, па издинстајте го кромидот и компирот колку кромидот да потемни и компирот да се запече.
Јајцата изматете ги во поголем сад како за кајгана, па додадете ги компирот и кромидот (вишокот масло процедете го во шолјичка) и сето заедно измешајте го.
Повторно загрејте ја тавата и додадете го маслото од шолјичката, па кога ќе се загрее истурете ја мешавината од компир, кромид и јајца.
Оставете без мешање, на тивок оган дното да се запече.
Покријте ја тавата со поголема чинија, па превртете ја тортиљата во чинијата, а потоа превртена вратете ја да се допече и на другата страна.
Кога ќе се запече и на другата страна, тогаш тортиљата е готова.
Повторно превртете ја на чинија и исечете ја на тријаголници како торта или на коцки, по ваша желба.