За да не ви раскажувам долго околу тоа колку време ја имав оваа габична инфекција и колку ме изнамачи, ќе ви раскажам само како се спасив.
Прво, почнав да пијам многу течности.
Ја спроведов терапијата со глина и терапијата за чистење на црниот дроб со маслиново масло, ја променив исхраната (шеќери на минимум).
Напиток со глина:
1 лажица глина
1 лажица псилиум (индиски тегавец) или пектин или ленено семе (важно е многу растителни влакна да има)
1 чаша вода
Се мешаат, се пие 1 час пред оброк, трипати дневно
Напиток за чистење на црниот дроб
1 чаша вода
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук рендано
1 парче мало колку лукот свеж ѓумбир, може и поголемо
Се меша и се пие навечер еден час после глинениот напиток
ДОМАШЕН ЛЕК ЗА КАНДИДА
Потребни состојки:
1 чаша јогурт (со помалку масти)
1 морков
2 чешниња лук
1/2 лажичка рендан ѓумбир
1/2 лажичка цимет во прав
Постапка:
Морковот, ѓумбирот и лукот изрендајте ги, додадете јогурт и цимет, па сето добро промешајте го.
Оставете кратко време да отстои па изедете го. Ова правете го секој ден, секогаш приготвувајте свежо. Се јаде на гладно наутро или помеѓу оброците.