Home Рецепти Нема да ви се верува: фантастичен колач од 2 состојки, готов за...

Нема да ви се верува: фантастичен колач од 2 состојки, готов за 5 минути!

Потребни состојки:

570 г рендано чоколадо по желба

120 млкондензирано млеко (1 конзерва)

По желба: ореви, бадеми…

Постапка:

Ставете го чоколадото и кондензираното млеко во сад, па потоа во микробранова печка.

Прво вклучете на 60 секунди, па извадете и промешајте, вратете во микробранова на уште 60 секунди, па повторно извадете и промешајте.

Ако чоколадото не е целосно растопено, тогаш вратете во микробранова на уште 30 секунди.

Тепсија 20х20 (8х8) обложете со фолија, подмачкајте со малку масло и истресете ја врелата смеса. 

Оставете да се стегне во фрижидер најмалку еден час или најдобро преку ноќ.

<

Потоа истресете врз даска па со нож исечете коцки.

Затворено во кутија може да стои и до 2 седмици.