Потребни состојки:

250 г посни бисквити

200 г посно чоколадо

150 г посен маргарин

100 мл сок

Постапка:

Бисквитите искршете ги крупно, маргаринот растопете го и додадете му 100 г чоколадо. Кога и чоколадото ќе се растопи прелијте преку бисквитите.

Ставете околу 100 мл сок, измешајте добро и излејте во помал плех. Добро притиснете и ставете во фрижидер околу 2 часа.

Направете глазура од чоколадо и прелијте го колачот, па повторно оставете да се стегне глазурата.

Постапката можете да ја погледнете на видеото: