Минус 15 години! Јапонски метод за отстранување на мртвите клетки од кожата, оставајќи го лицето порцеланско и мазно…
1. Измијте го лицето како и обично, по можност потфатете ја косата за да не ви пречи.
2. Подгответе ја смесата број 1. Додајте половина лажичка сода бикарбона во една лажица пена за бричење и добро измешајте.
3. Во зовриена вода ставете грст суви цветови од камилица. Ставете го тенџерето на некоја подлога врз масата за да можете да го загреете лицето со водената пареа.
Етеричните масла од камилицата одлично ќе делуваат и ќе ја омекнат кожата, а водената пареа ќе ви го отвори порите.
Наведнете се врз тенџерето, покријте ја главата со крпа и останете врз пареата на безбедно растојание 5-7 минути (не смее да биде прежешко или да ве гори, туку треба да се чувствувате пријатно).
4. Нанесете ја смесата на влажното лице, избегнувајќи ја областа околу очите и усните.
Измијте ја четката за заби под млаз топла вода. Потоа нежно и динамично го чистиме лицето. Посебно внимание посветете на носот, страните на носот и челото. Измијте се со вода.
За отстранување на црнки користете половина лажичка сода бикарбона, половина лажичка паста за заби и неколку капки вода по потреба.
НАПОМЕНА: Користете само четка со меки влакна. Првиот пат пробајте само на мала област, како што е носот или брадата. Движењата треба да бидат нежни. Доколку имате сензитивна кожа не го користете овој метод.