Home Рецепти БРЗИ КОКОС КОЦКИ со бисквити, готови за 15 минути

БРЗИ КОКОС КОЦКИ со бисквити, готови за 15 минути

Коцки кои брзо се приготвуваат со вкус на кокос.

Потребни состојки:

800 г бисквити

За фил:

2 литри млеко

300 г шеќер

3 ванилин шеќер

200 г густин

200 г кокос

200 мл слатка павлака

100 г бело чоколадо

За украсување:

100 г шлаг крем во прав

150 мл млеко

Постапка:

Сварете го филот: во еден сад ставете 1,5 литар млеко, ванилин шеќер и 300 г шеќер да се вари. Изматете го густинот со 500 мл млеко, па додавајте во врелото млеко и варете додека да згусне. Додадете го кокосот, слатката павлака, па гответе уште неколку минути и додадете го белото чоколадо да се растопи.

Смесата оставете малку да подизлади, па филувајте ги бисквитите со топлиот фил.

Колачот има 4 реда бисквити и 4 реда фил.

Бо плех 25х35 см наредете ги бисквитите (не ги потопувајте во никаква течност, нема потреба), па преку нив ставете топол слој фил, па бисквити и пак фил, и така до крај. Се завршува со фил.

Оставете преку ноќ да се излади, а бисквитите да омекнат од филот.

Изматете 100 г шлаг крем во прав со 150 мл млеко и премачкајте го колачот.