Се топи во уста!

Потребни состојки:

200 г шеќер
1 литар млеко
3 пудинг од ванила
200 г путер
1 кисела павлака
400 г бисквити
800 г банани (околу 4 банани)
200 мл слатка павлака
1 лажица шеќер во прав
малку лешник или ореви за наросување,
малку путер за намастување на плехот.

Постапка:

Пудингот сварете го со млекото според упатството, малку изладете па додадете путер и мешајте да се растопи и соедини.

Додадете кисела павлака и кршени бисквити. Излејте половина од смесата во подмачкан калап, наредете банани, па додадете го остатокот од филот.

Изладете во фрижидер најмалку два часа.

Добро изматете слатка павлака со лажица шеќер во прав и премачкајте преку колачот. Декорирајте со мелени лешници или ореви.