ПОТПЕЧЕНИ ПИЦА МАКАРОНИ: НЕШТО НАЈВКУСНО! направете брз и многу вкусен ручек со состојки кои ги имате в фрижидер, а може да додавате или одземате намирници по ваш избор. Еве што ви е потребно според рецептот на Ерна:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г макарони
300 г печурки
-кашкавал произволна количина
-мисиркина шунка
-суво месо
-сирење
-кечап
-оригано или босилек по вкус
-малку путер

За прелив:
2 јајца
1 чаша јогурт (или неутрална павлака за готвење)
малку сол

ПОСТАПКА:

Макароните сварете ги во солена вода, процедете ги, измијте ги во ладна вода. Додадете на коцки исечкана сирење, шунка, суво месо, рендан кашкавал, малку кечап и оригано.

На малку масло издинстајте ги печурките исечени на листови, посолете ги, па додадете ги.

Сето добро соединете па истурете ја смесата во огноотпорен сад премачкан со малку путер.

Одозгора ставете малку кечап и нарендајте кашкавал.

Изматете ги јајцата со јогуртот (или павлаката за готвење), посолете, па прелијте одозгора. Изрендајте уште малку кашкавал и наросете оригано. Потпечете во загреана рерна на 200 степени.

Ерна / Сооlinarika.сom