Направете ги новите колачи според рецептот на Тања, наречени „3 во 1“, затоа што се повкусни и од еклери, тулумби и принцес крофни заедно. Полни се со вкусен крем…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 21 парче:

Тесто:
200 мл вода
100 г путер
1/3 лажиче сол,
1,5 лажиче шеќер


Ставете на оган за да се растопи, но не треба да се вари и врие за да не испари течноста! Оставете само еднаш да зоврие и веднаш додајте го брашното!
150 г брашно. мешајте за да се формира тесто, а кога ќе се олади додајте:

+/- 2 средни јајца

Крем:
300 г крем/младо сирење
80 г шеќер во прав
2 лажички ванилин шеќер
300 г крем/слатка павлака од 30% мм

ПОСТАПКА:

Најпрво пригответе го тестото. Сипете си сите потребни состојки во тенџере и ставете да се загрева на умерена температура за да се растворат и соединат.

Во никој случај не треба да се остави течноста да врие, затоа што во тој случај ќе испати и ќе се наруши соодносот на состојките. Штом еднаш зоврие и сето се растопи, тргнете го од оган и одеднаш додајте го сето брашното.

Мешајте додека да се формира компактна смеса, а потоа вратете на оган и продолжете со мешањето и готвењето за да испари вишокот влага од него.

Штом почне да се одвојува како една грутка, а на дното од тенџерето се појави тенок слој, тргнете го настрана.

Претурете го во друг сад и колку можете раширете го во него за побрзо да се олади. Штом стане млако можете да започнете со додавање на јајцата.

Обично користам јајца со средна големина и првото јајце го додавам одеднаш, а второто постепено, малку по малку.

Изматете со миксер со спирални продолжетоци за тесто и штом јајцето се инкорпорира започнете со додавање на второто.

Ќе бидете сигурни дека сте додале доволно јајце кога тестото ќе стане доволно меко, а кога ќе го црпнете со лажица тоа ќе падне и ќе формира триаголник, односно на лажицата ќе остане да виси во буквата „V“.

Вклучете ја рерната да се загрева на 190 степени. тестото наполнете го во готварска кеса сна чиј крај сте ставиле продолжеток за тулумби со дијаметар приближно 10 см. Добро стиснете го тестото во кесата за да нема празни воздушни простори.

Сечете ги колачите во плех обложен со хартија, со должина од приближно 5 см. Од оваа количина се добиваат 21 парче. Ставете ги да се печат во загреаната рерна на 190 степени, 35 минути.

Првите 25 минути никако не смее да се отвора рерната, а после ова време можете само накратко да ја подотворите за да ги проверите колачите. Ако предвреме ја отворите, колачите ќе спласнат и нема да пораснат да бидат шупливи.

Кога ќе се оладат со дршка од лажица или некој остар предмет пробушете ги колачите и наполнете ги со вкусниот крем, а потоа посипете ги со шеќер во прав. Послужете ги добро изладени.

За крем: крем сирењето изматете го пенасто со шеќерот во прав и ванилата, а потоа постепено започнете со додавање на слатката павлака.

Матете додека да добиете фин нежен крем. Павлаката можете и посебно да ја изматите, а потоа да ги соедините со крем сирењето. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.