Дали знаете како правилно да ги чувате компирите?

Познато е дека из’ртениот компир не е добар за јадење, односно за здравјето, па затоа ви го претставуваме наједноставниот можен начин да го спречите тоа.

Имено, компирот е намирница која треба да се чува на суво и темно место, како што е подрумот или гаражата, но не секој има можност правилно да го чува компирот.

Ако компирот е на светло и влажно место, тој почнува да ‘рти и брзо ја губи цврстата текстура и препознатливиот вкус. Но, постои едноставен начин да го спречите тоа, а ви треба само едно јаболко, пренесува Lifehacker.

NMD.mk

Сè што треба да направите е да ставите едно јаболко во гајбата или вреќата со компири, некаде во средината помеѓу нив. Јаболкото произведува и ослободува етилен, природен гас кој го спречува создавањето на корења и ‘ртење на компирот.

Меѓутоа, јаболката предизвикува и пребрзо зреење на другите овошја и зеленчуци, па затоа треба да се чуваат подалеку од нив.

Компирите складирани со јаболко остануваат цврсти и без микроби дури и по осум недели, за разлика од компирите складирани без јаболко; кои се „претежно меки, збрчкани и со тажен изглед“. Затоа, додајте едно јаболко и вашите компири ќе траат многу подолго.