Вкусни компири со едноставни состојки. Едноставно, лесно и многу вкусно. Овие компирови стапчиња се повкусни дури и од месото. Доколку имате 2-3 компири и малку кашкавал, направете го овој лесен и вкусен рецепт за стапчиња од компири.
Тоа е толку брзо и лесно. Ќе се воодушевите од новиот начин на правење закуска од компири кој е одличен прилог на главното јадења, а според многумина, дури и повкусен. Компирите по овој рецепт се крцкави со пријатен вкус на сирењето.
Вкусот е едноставно неспоредлив со обичниот помфрит! Целото семејство ќе го обожава овој рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2-3 компири
сол
свеж магдонос (една рака ситно сечкано)
100 грама рендано сирење моцарела/кашкавал
црн пипер, зачини по вкус
5 лажици компиров скроб / нишесте/густин
сончогледово масло за пржење
ПОСТАПКА:
Компирите сварете ги и испасирајте ги. Додајте ги сите набројани состојки и замесете фино, компактно тесто.
Тестото ставете го врз парче хартија за печење, малку наросена со сокроб. Одозгора посипете малку скроб и поклопете со друго парче хартија.
Со помош на оклагија развлечете кора со дебелина од приближно 1 см.
Сечете стапчиња и пржете ги во масло загреано на умерена температура додека да заруменат од двете страни.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.