Многумина веќе го знаат рецептот, бидејќи традиционално се приготвува како појадок или вечера, но сепак за сите оние кои не го знаат, вреди да си го запишете според презентацијата на Јафи. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г тенки кори за пита
250 г полномасно сирење
2 јајца
малку масло
и уште 100 мл масло за пржење

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата, па додајте го исрењето и сето тоа повторно изматете го во пенаста смеса. Ако не е доволно компактна и не се размачкува лесно, во смесата додајте малку масло за да се добие убав намаз.

Отворете ги корите на работна површина и пресечете ги надолжно на половина. Филувајте ги со преиготвениот намаз, подвиткајте ги краевите за да не истекува филот и свиткајте ги во ролнички.

Корите треба да се премачкаат преку цела површина освен 1 см на краевите каде што се превиткуваат.

Загрејте го маслото на умерена температура, па спуштајте ги ролатчињата и пржете ги кратко од двете страни додека да добијат златнорумена боја. Послужете ги со јогурт или кисело млеко.