Брзо и вкусно!

Потребни состојки:

4 варени јајца
Месо по избор: шунка или пилешко сечкано ако ви останало од ручекот
2 лажици фета сирење
1 јајце
Кашкавал
Магдонос, сол, црн пипер

За похување: брашно, јајце, презла

Масло

Постапка:

Сварете 4 јајца, па изладени изрендајте ги на крупно ренде. Исто така изрендајте ја шунката и кашкавалот, па промешајте ги со јајцата.

Додадете фета, зачини, ситно сечкан магдонос и едно јајце.

Замесете ја смесата за убаво да се поврзат состојките.

Обликувајте ги топчињата и оставете ги во фрижидер околу половина час да се стегнат.

Похувајте ги во брашно, па во матено јајце, па во презла и пржете ги на масло.

Ако не сакате да ги пржите наредете ги на плех обложен со хартија, малку намастете и врз секое топче наросете малку масло или ставете мало парченце путер.

Печете на 200-220 степени додека да заруменат.