Home Диети Колку години имате, толку лажици ориз…Метод за чистење на телото од сѐ...

Колку години имате, толку лажици ориз…Метод за чистење на телото од сѐ што му пречи…По 2 недели – како во нова кожа…

Наталожените токcини можат да предизвикаат општ пад на имунитетот, поспаност, слаба концентрација, слабост, чести настинки и лошо расположение.

ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ СО ОРИЗ

-дава многу добри резултати и многу е корисно

1.Избројте онолку супени лажици ориз, колку што имате години;
2.Измијте го и ставете го во поголема стаклена тегла;
3.Теглата наполнете ја со топла, превриена вода, затворете ја со капак и ставете ја во фрижидер.

4.Наутро водата исцедете ја. Земете една полна лажица ориз. Варете го 3-4 минути без сол, во друга, обична (филтрирана) вода;

5.Изедете го оризот на празен желудник;
6.По користењето на оризот не јадете најмалку 3 часа.
7.Преостанатиот ориз повторно прелијте го со превриена но изладена вода и оставете го во фрижидер;

8. Процедурата повторувајте ја секој ден, додека да го изедете сиот ориз.
9.Резултатите започнуваат да се чувствуваат по две недели.

Тајната лежи во испирањето на зрната од скробот, кои потоа, во цревата делуваат како апсорбент (впивач). Токсините се исфрлаат преку урината и столицата.

За време на третманот пијте многу вода, најмалку 2 литри и зелен чај.

Со овој метод се прочистуваат цревата, крвните садови, зглобовите и другите делови од организмот, тешките метали и други штетни материи. Се регулира метаболизмот и високиот крвен притисок.