Иако изгледа едноставно, менувањето на топлината на воздухот што го издувува клима уредот може да биде комплициран процес. Можеби многупати сте биле во ситуација кога тоа не ви успеало, а постои едноставен трик за кој многумина не знаат.

За да може вашиот уред да ја загрева и лади просторијата за која е наменет, мора да биде сплит систем модел, што значи дека од систем за ладење може да се префрли на систем за греење.

Не е доволно само да ја зголемите температурата, туку да кликнете на копчето „режим“. Тоа е команда која ги менува функциите на вашиот клима уред и го префрла од ладење на греење и обратно.

Откако ќе кликнете на споменатото копче, треба да отидете на малата икона со сонце или натпис „топлина“ на неа. Изгледот на иконата зависи од моделот на уредот.

Она што исто така многумина не го знаат е правилото за прилагодување на температурата. Ако сакате температурата да ви биде 26 степени, тогаш треба да ја поставите климата на 28.

Многу луѓе се жалат дека клима уредот не ја загрева просторијата на посочената температура, туку на пониски степени. Затоа се препорачува секогаш да ставате два степени повеќе од саканата.

NMD.mk