ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ: Најдобриот куглоф се прави многу лесно и секому успева од првпат! Потребен ви е миксер и сите состојки се матат за 5 минути. Потоа само испечете го колачот и сладете се во неговиот вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 175 г шеќер, 300 мл млеко, 90 мл масло, 1 кесичка ванилин шеќер, 2 кесички прашок за печиво, 250 г брашно. И уште: 2 лажици какао и 2 супени лажици млеко
ПОСТАПКА: Во подлабок сад пенасто изматете 3 јајца, и 175 г шеќер. Матете доволно долго додека шеќерот да се растопи и да добиете густа, кремаста смеса. Додајте млеко и масло и повторно изматете.
Потоа додадете 1 шолја брашно, ванилин шеќер, прашок за печиво, повторно 1 шолја брашно, измешајте рачно со кујнска жица, а потоа додајте го остатокот од брашното и повторно измешајте. Треба да добиете густо, аморфно тесто без грутчиња.
Смесата поделете ја на два дела. Калапот за куглоф премачкајте го добро со путер или маргарин. Ставете го првиот дел од смесата (приближно две третини или половина), а во вториот додајте какао и малку млеко, па сипете одозгора брз белото тесто.
Со дршка од лажица направете спирлани движења внатре во тестото за да се прошара, па ставете да се пече во претхпдно загреана рерна на 180 степени 35-40 минути. Проверете со дрвено стапче (ако излезе суво, значи дека добро е испечено).
Куглофот внимателно превртете го врз чинија и послужете го. Убаво се сече и додека е врел. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „Ова не е колач, туку е злато: Вкусен десерт кој се излева, подобар и од куглоф, многу полесно се прави“ – ОВДЕ.