Шелби и Џонатан имаат ќерка Софи која моментно се бори за својот живот. Кога двегодишното девојче не се чувствувало добро и имало проблем со дишењето, нејзината мајка мислела дека се работи за алергија.
Прегледот на лекар не открил никакви загрижувачки резултати, па и дијагностицирале астма. Шелби сепак на својата ќерка и направила алерго тест.
Една ноќ малата Софи престанала да дише. Семејството распаметени го однеле детето во болница и тогаш сиот свет им се превртел наопаку.
Докторите откриле дека малата Софија во своите гради има тумор со величина на тениско топче. И бил дијагностициран рак на лимфните јазли и со месеци морала да биде изложена на агресивна хемотерапија. Иако нејзиното тело се борело, сепак ракот се ширел.
Хемотерапијата влијаела врз нејзините центри за регулирање на одот, говорот и голтањето. Во моментов поминува низ терапија која ја подготвува за транспалнтација на матични клетки.
Семејството одлучило да направат Фејсбук страница под името “Храбрата Софи” за да можат да ја информираат јавноста за нејзината здравствена состојба, а една нивна објава стана многу популарна.
Имено, мајките на сите болни деца и даваат поддршка на Шелби поради зборовите со кои ги опиша медицинските сестри:
“Те гледам. Цел ден седам на овој кауч и те гледам. Ти се обидуваш од петни жили да не бидеш забележана, јас и моето дете да не те забележиме.
Гледам како ја наведнуваш главата кога таа ќе те види и ќе почне да плаче. Се обидуваш на сите можни начини да и ги олесниш стравовите и да ја придобиеш. Гледам како и ги вадиш завоите. И велиш: “прости ми”, “извини” и “жал ми е” повеќе пати во текот на денот отколку што луѓето велат “благодарам”.
Шелби споделила како ги гледа медицинските сестри кои носат купишта лекови и разни други материјали во собите на болните деца, додека им ѕвони телефонот и ги повикуваат во другите соби. Гледа како сестрите редат бисерчиња за пациентите за да можат подоцна да направат ѓердан.
“Гледам гумени ѓерданчиња околу вашите раце и стетоскопот, една за секое дете кое го сакате и за кое се грижите… Гледам како и ја галите нејзината мала, избричена глава. Гледам како ги тешите мајките кои плачат поради лошите вести. Гледам како работите на компјутерот со дете во вашите раце.”
Шелби им е благодарна на сестрите кои притрчуваат и ја посетуваат нејзината ќерка иако не е нивна пациентка и што седат со родителите и ги тешат во тешките моменти, иако нивните задачи и обврски се големи.
“Го гледам тој пиштол за вода кој го криете во скутот. Гледам како ги држите малите рачиња, им ги менувате валканите чаршави, им ја преведувате лекарската дијагноза на родителите и си ги бришете своите очи кога излегувате од тажната соба. Гледам како ставате ракавици, маски и престилки, а потоа застанувате, пред да му дадете на моето дете инфузија од отрови за хемотерапијата.”
Шелби им е многу благодарна на сестрите за сè што имаат направено за нејзината ќерка. Медицинските сестри се клучни за детското одделение.
“Вие сте ни како Исус секој ден. Нашите деца без вас не может да го добијат она што им треба. Мајките како мене би полуделе и би биле изгубени без вас. Ни ги спасувате нашите деца и тоа не го можеме без вас.”
Овој пост на Шелби е споделен повеќе од 25000 пати и има повеќе од 50000 реакции. Медицинските сестри се трогнати од нејзините зборови и поддршката која е дадена за нивната професија.
Сестрите на Педијатрија немаат само болни пациенти, туку имаат и малечки пациенти кои би требало да си играат и да скокаат, да се смеат и да бидат здрави. Тие сестри извршуваат посебно тешка задача со особена преданост. Шелби забележала како овие сестри се грижат не само за своите мали пациенти, туку и за нивните семејства. Таа ја почувствувала оваа љубов и грижа.
“На цели 12 часа вие го оставате својот живот поради грижа за болните деца кои умираат. Во секоја соба влегувате со насмевка, без разлика на ситуацијата.
Го гледате името на Софи, ја поздравувате, иако не е ваш пациент. Го повикувате лекарот, лабораторијата и амбулантата онолку пати колку што е потребно децата да го добијат она што им е потребно. Мене ме проверувате како сум исто толку колку и мојата ќерка. Седите и ме слушате како “мелам” 10 минути иако ви ѕвони телефонот и имате многу обврски.”
Ова се медицински експерти, лекари и спасители, пријатели во игра и раскажувачи. Тие се благослов за семејствата кои се потпираат на нив.
Семејството Скилес неодамна ја примиле веста дека Софи е речиси излекувана од рак. Нашите молитви се упатени кон Софи и нејзиното семејство во надеж дека ќе победи во оваа битка за својот живот.