За овој природен препарат од народната медицина се смета дека има ефикасно дејство 150 пати посилно од лимонот. Се користи за прочистување на цревата и црниот дроб, а одлично помага при елиминациja на бактериите и токcините кои се акумулирале со текот на времето.
Овој препарат многу лесно се подготовува од суво овошје кое содржи 3.5 пати повеќе влакна, витамини и минерали, споредено со свежата опција. Сувото овошје се смета за одличен извор на растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданти (особено полифенолите).
СУВО ГРОЗЈЕ. Бројни студии покажуваат дека сувото грозје може да помогне при: намалување на крвниот притисок, подобрување на регулацијата на нивото на шеќер во крвта, намалување на воспалителните процеси, намалување на холестеролот во крвта.
Тоа е богато со растителни влакна, калиум и други разни фитохемикалии, а има и низок до среден гликемиски индекс.
СУВИ СЛИВИ. Сувите сливи се високо нутритивни и се богати со калиум, растителни влакна, витамин А и витаминот К. Тие се познати за нивниот лаксативен ефект, а тоа се должи на високата содржина на влакна и на присуството на соединението – сорбитол.
Тие се одличен извор и на низа антиоксиданти. Некои студии покажуваат дека сувите сливи може да ја инхибираат оксидацијата на т.н лош – LDL холестерол и со тоа да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Тие се богати и со минералот бор, кој може да помогне при остеопороза.
УРМИ. Сувите урми се одличен извор на влакна, железо и бројни други минерали. Од сите сите суви овошја, урмите се сметаат за еден од најдобрите извори на антиоксиданти.
СУВИ КАЈСИИ. Сите здравствени придобивки од суви кајсии се значајни и му помагаат на организмот против голем број заболувања на кожата, косата, кардиоваскуларниот систем, а исто така одлични се за организмот во целост.
РЕЦЕПТ (за 2 дена): 3 суви смокви, 4 суви кајсии, 6 суви сливи, 50 г суво грозје, 7 урми, 500 мл вода. ПОСТАПКА: Сувото овошје исечкајте го на поситни парчиња и прелијте го со вода. Од моментот на зовривање намалете ја температурата и на тивко гответе 10 минути.
Ако се појави пена при варењето отстранете ја со лажица. По изминатото време процедете ја течноста од која ќе доббиете две чаши. Плодовите изблендирајте ги во каша и чувајте во стаклена тегла во фрижидер.
УПОТРЕБА: една чаша од течноста наутро на гладно, по една голема лажица од „џемот“ пред секое јадење (или со оброкот). Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе корисни рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
НАПОМЕНА: Пред примена на препарати од народната медицина, секој треба да се советува со својот лекар. Следно прочитајте: „Оваа билка е помоќна и од чувар куќа: Лекува чир во желудник, хемороиди и секакви други рани“ – ОВДЕ.
Оваа билка е помоќна и од чувар куќа: Лекува чир во желудник, хемороиди и секакви други рани