Потребни состојки:
4-5 јаболка малку што накиселуваат
4 јајца
120 г шеќер
120 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
4 големи лажици вода
Малку лимонов сок
Цимет по вкус
Постапка:
Излупете ги јаболката, пресечете ги на четвртина а потоа тенко исечете ги на ленти. Ставете ги јаболката во чинија и малку испрскајте ги со лимонов сок за да не потемнат.
Тепсијата обложете ја со хартија за печење, наредете ги јаболката такашто краевите малку да се преклопуваат. Наросете ги со цимет според вкус.
Оставете ја тепсијата на страна додека ја приготвувате смесата со јајца.
Одвојте ги белките од жолчките. Измешајте брашно и прашок за печиво.
Во жолчките додадете шеќер и миксајте додека да побелат и станат пенасти. Продолжете со матење додавајќи лажица по лажица вода и миксајте додека целосно шеќерот да се растопи.
Во изматената смеса во 3-4 наврати додадавајте просеано брашно (поубаво е кога ќе се просее).
Одвоените белки изматете ги во цврст снег и соединете ги внимателно со смесата од јајца и брашно. Смесата внимателно прелијте ја преку исечените јаболка и со помош на лажица или нож рамномерно израмнете. Печете го ролатот на 180 степени околу 15-20 минути. Извадете го ролатот од рерна, оставете го околу 5 минути во тепсијата, а потоа извадете го од тепсијата и свиткајте го во ролат.
Јас не користев кујнска крпа за виткање, туку користев два листа хартија за печење. Први виткањето треба да се внимава и полека да се витка за да не испука. Ролатот се лади во фрижидер па пред послужување обилно се наросува со шеќер во прав.