Некои студии покажуваат дека кокичињата помагаат за подобрување на функциите на мозокот. Лековит алкохолен екстракт се приготвува со кокиче и ракија.
Бројот на кокичињата треба да соодветствува со милилитрите на ракијата, односно во 500 мл се ставаат 50 кокичиња.
За настинка
Против настинка кај деца и возрасни ставете 60 бели цветови од кокиче со 600 милилитри чиста ракија во цврсто затворен стаклен сад. Оставете ги да отстојат на темно и ладно место 40-45 дена, а потоа прецедете.
Со готовата тинктура масирајте ги грбот и градите па завиткајте го болниот со ќебе. После оваа постапканастинката ќе исчезне.
За бистар ум и меморија
При проблеми со меморијата и мозочната активност ставете 100 кокичиња (само цветчиња) во 1 литар ракија (препорачливо е гроздова ракија) и оставете да отстои 40 дена на сончево место.
Исцедете ја и чувајте ја течноста во стаклено шише. Наутро земајте по 1 лажичка од лекот, заедно со 1 лажичка природен мед. Лекувањето треба да трае 15 дена.
Намален вид и умор
Намален вид и умор – ставете 40 кокичиња (цветови заедно со лисја) со 300 милилитри силна ракија и оставете ги да отстојат 20 дена. Потоа процедете и земајте од тинктура по 40 капки, разредени со вода, 3 пати на ден пред јадење.